„Фејсбук“ ќе ја укине можноста за лајкување на редизајнирани јавни страници што ги користат уметниците, јавните личности и брендовите, објави компанијата на социјалните мрежи.
Фејсбук-страниците ќе прикажуваат само следбеници и ќе има посветен дел со новости каде што корисниците можат да се приклучуваат во разговори, да комуницираат со истомисленици и да стапат во контакт со обожавателите, објави компанијата во блогот.
Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници, објавија од „Фејсбук“ за редизајнирањето.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.