Свет

Се подготвува нов закон за потекло на месото во Италија

28 Dec 2020

Италијанската влада поднесе иницијатива за нов закон за обележување на месото. Во иднина на етикетата ќе биде потребно да се наведе потеклото на преработеното месо, односно на саламата, мортаделата, шунката...

Целта на иницијативата е поддршка на автентичните италијански производи и разоткривање на измами поврзани со презентирање странско месо како италијанско, рече Еторе Прандини, претседател на италијанската асоцијација на производители „Колдирети“.

Според истражувањето спроведено од таа организација, 82% од Италијанците претпочитаат домашни производи како поддршка на економијата и локалните бизниси.

Според новиот закон, на етикетата на производот ќе биде потребно детално да се наведе од каде потекнува месото. На етикетата ќе биде наведена земјата на раѓање на животното, државата во која е гоено и на крај заклано. Новиот закон ќе ја користи ознаката „100% италијанско“ само за месо добиено од свињи родени, израснати и заклани во Италија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...