Свет

„Данон“ прави јогурт од фрлено овошје од супермаркет

16 Dec 2020

Светскиот производител на јогурт „Данон“ во понудата вклучи производ што ќе им се допадне на еколошки свесните потрошувачи – јогурт направен од фрлено овошје, кое е премногу грдо за полиците на супермаркетите.

Како што наведуваат од компанијата, првото „спасено“ овошје е лимонот, а другите вкусови ќе бидат достапни во втората половина од следната година. Производот ќе има печат што ќе биде доказ дека состојките од кои е направен би биле фрлени доколку не се искористени во јогуртот.

Веруваме дека со правење јогурт од овошје, кое инаку би бил фрлено, создаваме одржлив бизнис-модел со фокус на отпадот од храна, рече Сурби Мартин, потпретседателка за маркетинг во „Данон“ – Северна Америка.

За овој проект партнер на „Данон“ е „Фул харвест“, компанија што ги поврзува земјоделците и производителите на храна и пијалаци, со цел да го намали отпадот од храна. Како што велат од оваа компанија, сè поголем е бројот на производители што се движат по патот на „Данон“.

Отпадот од храна е огромен проблем со кој се соочува планетата и се проценува дека третина од произведената храна во светот никогаш нема да да биде изедена. Посебен проблем е отпадот што се создава во супермаркетите, каде што често се фрла големо количество овошје и зеленчук, само затоа што не исполнува естетски критериуми.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...