Регион

Компанијата „Нектар“ прва се пријави за жиг во проектот „Создаваме во Србија“

18 Jun 2020
Компанијата „Нектар“ вчера и официјално ја предаде пријавата за жигот „čuvarkuća“ за сокови од вишна и малина, во рамки на новиот проект на Стопанската комора на Србија наречен „Создаваме во Србија“.
 
Михајло Јанковиќ, директор на групацијата „Нектар“, најави дека во следните денови компанијата ќе поднесе пријави за жиг за соковите од јаболко и праска, за пасираниот патлиџан tomatelo и за некои од џемовите. 
 
„Создаваме во Србија“ е еден од начините за помош и промовирање на српската економија, при што беше направена и 
колективната ознака „ čuvarkuća“. Купувачот кога ќе ја види ознаката во продавниците, тогаш знае дека во тој производ е вложено повеќе од 80% од српската работа и вредност, соопштија од Комората.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...