Регион

„Мак Зара“ го оствари својот прв извоз во Холандија

01 јун 2020

„Мак Зара“, производител на премиум брендови на пралини и чоколада во БиХ, го оствари својот прв извоз во ЕУ преку дистрибутерот „Едекс фуд“.

Како што соопштуваат од компанијата, категоријата сушено овошје во чоколадо има позитивен тренд и пораст во последните 12 месеци на пазарот во БиХ и што претставува уште една потврда за квалитетот на производите на оваа компанија надвор од БиХ.

Најавија и нови производи - кајсија со кокос во чоколадо и урма во чоколадо, што дополнително ќе го зајакне и комплетира асортиманот.

Целиот тим на „Мак Зара“ е исклучително горд на овој успех, на кој му претходеа месеци подготвување на планот да се појави на холандскиот пазар во договор со колегите од дистрибутивната компанија. Решивме да се претставиме со производи што спаѓаат во категоријата сушено овошје во чоколадо - поточно, сливи, смокви и брусница во белгиско чоколадо. Подготовка на амбалажата, декларациите и документацијата бараше ангажирање на сите вработени. Веруваме дека ова е почеток на успешна соработка, посочи Армин Хоџиќ, директор на компанијата „Мак Зара“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...