Од фабриката „Перутнина Птуј С“ која се наоѓа во Србац, БиХ, најавија дека наскоро ќе добијат зелено светло за извоз во ЕУ.
Овој преработувачки капацитет има 150 локални кооперанти и одлична соработка со локалната заедница.
Велибор Поповиќ, раководител на производството во „Перутнина Птуј С“ истакна дека првото производство во фабриката е почнато во 2006 година, а сега се во можност да добијат извозен број за ЕУ.
Ова ќе ни овозможи пристап до нови пазари. Очекуваме дека ќе ни биде полесно затоа што нашиот бренд е познат во Европа. Во целиот овој процес, морам да се заблагодарам на Канцеларијата за ветеринарна медицина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ни помогнаа да добиеме квалитетно упатство за тоа што треба да направиме, рече тој.
Во текот на оваа година, вкупната инвестиција од околу 2,3 милиони евра ќе биде завршена, а пред три години беше инвестирано околу половина милион евра за рехабилитација на погонот. Од компанијата велат дека очекуваат зголемување на производството од 20% во наредниот период.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.