Регион

Во јули во Белград ќе се одржи најголемиот балкански вински натпревар

21 May 2020

Најголемиот балкански вински натпревар-BIWC(Balkans International Wine Competition) ќе се одржи од 15 до 17 јули. 

Одлуката во Софија ја соопштија организаторите на натпреварот, што оваа година првпат ќе се одржи надвор од главниот град на Бугарија. Уште се во тек пријавите од винариите за натпреварот, кој во минатите осум години стекна репутација на најважно винско оценување на Балканот. 

Освен оценки од судиите за пријавените вина, ќе биде одржана и дегустација за увозниците и дистрибутерите од Србија, од Балканот и од целиот свет. Овој настан е закажан на 17 јули, а организаторите најавија дека тоа ќе биде одлиќна прилика да се пробаат вината испратени на натпреварот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...