Регион

Акциите на „Краш“ прават шоу на хрватската берза

17 Sep 2019

Долго на берзата во Загреб не е видено стампедо кои се случува веќе неколку дена по ред со акциите на „Краш“, јавуваат хрватските медиуми. 

Вчерашното тргување беше заклучено со истргувани повеќе од 51.000 акции и со промет од дури 38 милиони куни, а беше проследено со експлозија на цени која достигна и до 890 куни за акција (минатата недела беше по 600 куни).

Серијата со милионски дневни промети на берзата почна со објавата на месната индустрија „Браќа Пивац“ дека сака да го преземе „Краш“. Парите кои по овој период се свртеа на берзата, вкупно 77 милиони куни, поттикнаа и теории според кои е можно „Браќа Пивац“ да добијат конкуренција и евентуална противпонуда за преземање на „Краш“. 

„Браќа Пивац“ поседува 30,73 отсто од акциите на „Краш“. Втор најголем акционер е „Краш ЕСОП“ во кој се здружени малите акционери, поранешни и сегашни вработени во „Краш“, кои поседуваат 18,45 отсто од акциите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...