Групацијата „Виндија“ годината ја почнува со продолжение на инвестицискиот циклус, овој пат во фабриката „Вивис“ и во централните погони.
Како компанија која секогаш одново поставува нови стандарди на пазарот групацијата „Виндија“ во 2019 година ќе реализира нов инвестициски циклус, не само во фабриката „Вивис“, туку и во централниот погон на „Виндија“. Со тоа ќе овозможи дополнително ширење на производствениот асортиман кој во моментов опфаќа повеќе од 1.000 производи во 10 трговски марки, обединети под ознаката Kvalitet Vindija.
Горди сме на традицијата долга 60 години и на фактот што континуирано може да нудиме врвни домашни производи. Имаме континуитет и во вложувањата во технологијата, поради што денес, како компанија успешно ги спојуваме традицијата и иновациите во прехранбеното производство. Благодарение на тоа, пазарот нè препознава по докажаниот квалитет, истакна генералниот директор на групацијата „Виндија“ Драгутин Дрк.
Фабриката за производство на млеко и безалкохолни пијалаци „Виндија Вивис“ е отворена во 2009 година на површина од 14.600 м², што овозможува годишно производство од дури 70 милиони висококвалитетни и безбедни млечни производи, кои се во согласност со најновите нутриционистички барања.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.