Регион

Одбележана 20-годишнината на „Нектар“

22 Jan 2019

За дваесет години работење „Нектар“ генерирала повеќе од милијарда евра бруто-додадена вредност (околу 3% од БДП во Србија во 2017 година) во системот на вредности во кој со активности на компанијата се поддржани повеќе од 5.500 вработени.

Ова е главната порака на претставената „Анализа на економското влијание на 'Нектар груп' во Србија во период од 1998 до 2018 година“, направена по повод 20 години работење на компанијата.

Со желба да го согледа патот што го помина за 20 години, ги ангажира консултантската куќа „Петерхоф консалтинг“, на чело со Драган Лончар, професор на Економскиот факултет во Белград, и „Алба партнерс“. Врз основа на посебно развиена методологија компанијата е анализирана од аспект на бруто-додадената вредност што таа ја креирала со своето работење во системот со доставувачи и купувачи.

Ако ви кажам дека секое шесто јаболко што ќе се набере во Србија завршува во производите на „Нектар“, ќе разберете колкав пат поминавме од мала семејна компанија до компанија која е осми најсилен бренд во регионот, рече директорот на компанијата, Михаило Јанковиќ, и додаде дека компанијата во изминатите 20 години генерирала повеќе од милијарда евра бруто-додадена вредност во Србија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...