Регион

„Ласта“ од Чапљина повторно почнува со производство

21 Aug 2018

Погоните на фабриката за кекси и за вафли „Ласта" од Чапљина од 1 септември би требало повторно да почнат да работат.

Во изминатите неколку денови можеа да се видат работници што работат на средување на околината и на чистење на зградата на Управата, како и на производтствените погони, пренесува „Чапљински портал".

Производството во фабриката беше запрено кон крајот на 2016 година, кога тогашниот директор Иван Рагуж им рекол на работниците дека почнува колективниот одмор. Прекинот на производството беше обелоденет на 26 јануари минатата година и оттогаш, вратите на фабриката се затворени и производствените погони се згаснати.

Како што пренесува „Чапљински портал", „Ласта" произведувала големи количества кекси и вафли за пазарот што секојдневно се проширувал, а пропоционално на зголемениот обем на работа, фабриката вработувала и сè поголем број на работници. Во 2001 година „Ласта" ја презеде хрватската кондиторска компанија „Звечево" од Пожега.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...