„Шпар“ – Словенија лансира нови производи во рамките на својот асортиман од приватната трговска марка Spar Vital Pure.
Оваа линија вклучува додатоци во исхраната, богати со корисни и висококвалитетни состојки. Новите додатоци во исхраната се дизајнирани да одговорат на предизвиците на модерниот живот и да го поддржат здравјето и виталноста.
„Шпар“ - Словенија посветува големо внимание на понудата и развојот на сопствени производи кои содржат висококвалитетни природни состојки и овозможуваат безбедно консумирање.
Линијата Spar Vital Pure содржи суплементи кои се карактеризираат со висок квалитет, а нивната ефикасност е потврдена од независната австриска лабораторија LVA (Lebensmittelversuchsanstalt Klosterneuburg). Сите производи од оваа линија се без вештачки вкусови и конзерванси.
Досега, Spar Vital Pure нудеше додатоци во исхраната, како што се Spar Vital Pure Vitamin D3, Spar Vital Pure Magnesium, Spar Vital Pure Potassium и Spar Vital Pure Indian Plantain.
Во февруари, „Шпар“ – Словенија го прошири својот асортиман и им понуди на купувачите уште повеќе производи од оваа линија.
Извор: „Шпар“
Фото: Spar/Jan Lukanović
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.