Регион

„Кока Кола ХБЦ“ ја отвори својата прва автономна продавница во Унгарија

11 Feb 2025

„Кока Кола ХБЦ“ во соработка со „Кенде ритеј Кфт“ Kende Retail Kft ја отвори првата автономна продавница во Унгарија.

„Кока Кола ХБЦ“ - Унгарија има речиси две децении искуство во сегментот на автоматизирана малопродажба без персонал, кој моментално вреди околу 50 милијарди форинти и вклучува автомати за ладни и топли пијалоци, закуски и готови оброци. Надоврзувајќи се на ова искуство, „Кока Кола ХБЦ“ - Унгарија инвестираше во развојот на првата целосно автоматизирана продавница во земјата, која работи без персонал или каси.

Во последниве години, особено по пандемијата COVID-19, домашниот малопродажен сектор претрпе значителна трансформација. Новите технологии станаа составен дел од бизнисот, навиките за купување се сменија, секторот се соочува со недостиг на работна сила, а дигитализацијата е сеприсутна. Како водечки производител на храна и пијалоци, се стремиме да останеме во чекор со овие промени со инвестирање во технологии кои носат долгорочни деловни придобивки, изјави Агнес Ковач, извршен директор на „Кока Кола ХБЦ“ - Унгарија.

Продавницата е отворена во седиштето на „Јетел“ -l Унгарија во Торокбалинт, , каде околу 900 вработени ќе имаат можност да ја испробаат оваа нова технологија. Вработените ќе можат да купуваат производи дистрибуирани од „Кока Кола ХБЦ“ - Унгарија, вклучувајќи газирани и негазирани безалкохолни пијалоци, природни минерални води, енергетски пијалоци, како и грицки, готови оброци, конзервирана храна, млечни производи и средства за хигиена.

Автономната продавница ја користи стабилната мобилна интернет мрежа на „Јетел“ за онлајн комуникација, што овозможува непречено функционирање на системот во реално време, додека работата на продавницата е овозможена со вештачка интелигенција. Имено, системот за вештачка интелигенција го следи правилното функционирање на камерите и сензорите во продавницата, собира податоци за навиките за купување, зачестеноста на продажбата на производите, времето поминато во продавницата и други корисни информации, без користење на системи за препознавање лица, во согласност со прописите на „ГДПР“.

Компанијата планира да отвори 15 автономни продавници во следните три години, во кои ќе инвестира вкупно 250 милиони форинти, со цел до крајот на 2026 година приходите од ова решение да се тројно зголемени.

 

 

 

 

Извор: InStore

Фото: „Кока Кола ХБЦ“ - Унгарија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...