Растот на цените во Словенија благо забрза на почетокот на 2025 година, а статистичарите забележаа годишна стапка на инфлација од два отсто во јануари, по 1,9 отсто во декември минатата година. На месечно ниво, потрошувачките цени се пониски за 0,4 отсто, најмногу поради зимската продажба на облека и обувки.
Услугите во јануари биле во просек за 3,1 отсто поскапи од претходната година, додека цените на стоките се зголемиле за 1,5 отсто, објави Заводот за статистика на Република Словенија.
Најголем придонес во јануарската инфлација имаа растот на цените од три отсто во групата транспорт и растот на цените на храната и безалкохолните пијалоци за 2,3 отсто. Услугите во рестораните и хотелите се зголемени за 4,8 отсто.
Годишниот раст на цените, измерен со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, кој се користи за споредба меѓу членките на ЕУ, во јануари изнесуваше 2,3 отсто, по 3,4 отсто во јануари минатата година. На месечно ниво овие цени се пониски за 0,3 отсто.
Извор: Biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.