Регион

Романија: Пораст на малопродажбата за 8,6%

11 Feb 2025

Заводот за статистика на Романија соопшти дека малопродажбата во 2024 година во однос на една година претходно има пораст за 8,6%

Продажбата на непрехранбени производи во овој период има пораст за 14,8% на годишно ниво, додека продажбата на храна, пијалаци и тутун има пораст за 3,8%, продажбата на гориво за автомобили има пораст за 3,6%, соооптуваат од Заводот.

Само во декември малопродажбата во Романија има пораст за 7,8% во однос на истиот период од минатата година.

Во однос на ноември, прилагодениот обем на промет во малопродажбата во декември има пад за 1,3%. Причина за тоа е падот од 2% на продажбата на храна, пијалаци и тутун, продажбата на непрехранбени производи имал пад за 0.9%, додека продажбата на горива за автомобилите има пораст за 1,7%. Податоците за малопродажбата не ги вклучуваат моторните возила и мотоцикли.

Во 2023 година прометот во малопродажбата во Романија имал пораст за 1,9%.

 

Извор: SeeNews

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...