„Лидл“ го отвори својот втор маркет во Омишаљ, на адреса Пушча, 150, која воедно е 111 продавница на компанијата во Хрватска.
Продавницата на потрошувачите им нуди асортиман на свежи и квалитетни производи, додека на денот на отворањето беа подготвени специјални акции за купувачите. Во продавницата на купувачите им се достапни шест каси за самопослужување, а објектот дополнитено располага со 127 паркинг места од кои 102 се гаражни.
Продавницата официјално ја отворија регионалниот менаџер за продажба Лука Данчуловиќ и менаџерката на продавницата Јелена Јежаиќ.
По повод отварањето, компанијата му подари донација на ракометниот клуб од Омишаљ во вредност од 1.500 евра, со што покажа поддршка за ракометните активности и настаните на локално ниво.
Извор: InStore
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.