Регион

Хрватска: „Хенкел“ и „Конзум“ донираа 10.000 евра на СОС Детско село

10 Feb 2025

Во Хрватскиот национален историски музеј се одржа презентација на соработката помеѓу Хенкел и Конзум, при што компаниите доделија донација од 10.000 евра на СОС Детско село Хрватска за поддршка во финансирањето на греењето во зимските месеци.

 „Хенкел“ и „Конзум“ минатата година спроведоа три кампањи преку кои им овозможија летување на семејствата од СОС Детското село Ладимиревци, донираа козметички производи и ги финансираа трошоците за греење во зимските месеци за СОС Детското село Лекеник, во кое се сместени 15 СОС куќи.

„Хенкел“ со години се залага за развој на општествено одговорен бизнис, а особено ни е задоволство што минатата година во соработка со нашиот партнер „Конзум“ имавме можност да реализираме дури три хуманитарни проекти наменети за децата од СОС Детското село. Ние веруваме дека една од клучните форми на поддршка што можеме да им ја дадеме на децата и младите е создавање цврста основа за самостоен живот откако ќе ја напуштат својата безбедна средина. Клучот на таа основа лежи во образованието, во можноста децата да ги развиваат своите таленти, да стекнуваат знаења и вештини кои ќе им овозможат самоуверено да чекорат во иднината и веруваме дека понатаму ќе ја развиваме соработката во таа насока, изјави Маријана Јаколиш, водечки менаџер за маркетинг во „Хенкел“.

Преку својата долгогодишна работа, СОС Детско село Хрватска обезбедува дом, безбедност и љубов на децата без соодветна родителска грижа. Ова место не е само збир на куќи, тоа е дом на деца кои благодарение на несебичната и посветена работа на возрасните кои секојдневно се грижат за нив, прераснуваат во самоуверени и среќни млади луѓе. Нашата долгогодишна соработка со компаниите „Хенкел“ и „Конзум“ многу ни помага успешно да создадеме безбеден и грижлив дом за децата и младите кои го продолжија своето раснење во нашето големо СОС семејство, од година во година. Ви благодариме за поддршката и довербата што ни ја покажавте, изјави Вишња Тушкан-Крупиќ, национален директор на СОС Детските села Хрватска.

 Од компанијата наведуваат дека целта на проектот не е само да даде помош туку и да даде поттик на пошироката заедница да се вклучи и да покаже солидарност давајќи им поддршка на оние на кои им е потребна помош.

 

Извор: tPortal

Фото: Promo/Henkel



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...