Регион

Словенија: „Хофер“ донираше 21.000 евра на Фондот за средношколци

07 Feb 2025

„Хофер“ во ноември и декември преку продажбата на хуманитарните празнични колачи Nasmeškotek, куклените претстави и аукцијата на илустрации од Вида Игличар од бајката „За магичното колаче“, собра 21.021 евра кои оваа година ќе бидат донирани на Фондот за средношколци во рамките на програмата „Ботрство“ во Словенија.

Колачите Nasmeškotet беа достапни во продавниците на „Хофер“ низ Словенија од 18 ноември 2024 година до крајот на залихите.

 Од 2017 година „Хофер“ заедно со купувачите преку продажбата на овие колачи за програмата „Ботрство“ има донирано над 141.000 евра, со што покрила 682 месечни школарини во средношколските домови.

Нашето добротворно колаче, кое пекарницата „Делакорда“ го произведува од 2017 година, донесе многу насмевки годинава, на што сме многу горди. Посебно сме горди затоа што секоја година собираме сè повеќе средства, овозможувајќи им на средношколците да ги остварат своите соништа, нагласи Бор Трчек, менаџер за одржливост и обезбедување на квалитетот на производите во „Хофер“.

Искрена благодарност до сите кои со купување овие колачиња им помогнаа на младите кои често се запоставени и кои немаат безбедна и стимулативна средина за развој дома. Во средношколските студентски домови имаат можност да стекнат нови перспективи на животот и позитивни модели. Може да ги завршат и училишните обврски и да го завршат средното образование со помалку грижи, посочи Тина Ламовшек, координатор на програмата „Ботрство“.

Од 2014 година „Хофер“ на „Ботрство“ им донирал на еден милион евра, а оваа соработка ќе продолжи и во 2025 година, соопштуваат од компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Хофер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...