Трговскиот синџир „Гомекс“ продолжува да ја шири својата малопродажна мрежа со отворање на нова продавница во Нови Сад, на адреса Гери Карољ, 38.
Маркетот кој се протега на површина од 134 квадратни метри, на купувачите им нуди широк асортиман на прехранбени и други производи и во него се вработени седум лица. Исто така маркетот има и сопствена пекарница во која секој ден се подготвуваа свеж леб и печива.
За првите купувачи на на денот на отворањето, „Гомекс“ подготви посебни промоции, подароци и награди.
Извор: InStore
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.