После отворањето на „Супер Дис“ маркетот во Чачак, компанијата „Дис“ соопшти дека е отворен нов „Супер Дис“ маркет во Крагуевац, во Т.Ц. „Аирпорт“ во населбата Денино Брдо.
Продавницата се протега на површија од 850 квадратни метри и нуди асортиман од над 5.000 производи, во кој се вклучени и 800 производи од приватните трговски марки, Dobro, Selekcija, Gelado и Masterclass, соопштуваат од компанијата.
Покрај тоа, на потрошувачите на располагање ќе им биде и „Дис“ пазарот за свежо овошје и зеленчук, месарницата „Дис“ со свежо месо од домашните фарми и пекарницата „Дис“.
Дополнително на тоа, секој петок потрошувачите ќе можат да ги искористат посебните акции во рамките на неделните акциски понуди.
Извор: InStore.rs
Фото: „Дис“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.