Регион

Хрватска: „Баерсдорф“ ќе користи камиони на био - лнг

20 Sep 2024

„Баерсдорф“ – Хрватска во партнерство со меѓународната логистичка компанија „ДСВ“,  во својот возен парк ги воведува првите камиони на био – лнг (биолошки природен плин) погон.

Се работи за био гас кој произведува 99% помалку емисии на азотни оксиди и 98,88% помалку Со2 во споредба со дизелот. Оваа иновација претставува значителен чекор во настојувањата да се намали карбонскиот отпечаток што ќе придонесе за остварување на програмата за одржливост на „Баерсдорф“, „Кер бијонд“.

Воведувањето на транспорт со био – лнг погон претставуав клучен чекор во нашата посветеност за намалување на карбонскиот отпечаток и зачувување на околината. Оваа иницијатива не само што е дел од нашата глобална програма за одржливост, туку е дел и од стратегијата на „Баерсдорф“, „Вин вит кер“. Со користењето на био – лнг гориво, не само што ги намалуваме емисиите на СО2, туку поставуваме и нови стандарди за одржливост во нашата индустрија, изјави Соња Кристин Ундервитер, регионална директорка на „Баерсдорф“ за регионот Адриатик.

Био – лнг е нефосилно гориво кое се создава од органски отпад, како што се остатоците од храна, ѓубрива и индустриски отпад. Во првата фаза камионите ќе користат комбинација на био – лнг и дизел гориво, со што во атмосферата ќе испуштаат 30,34’% помалку азотни оксиди и 30,39% помалку СО2 во однос на претходната година.

 

 

 

 

Извор: Instore.rs

Извор:„Баерсдорф“ – Хрватска  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...