Централната Банка на Србија објави дека меѓугодишната инфлација во јули, според податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија, изнесува 4,3 отсто, што е во насоката која е во согласност со проекциите на Народната банка на Србија.
Како што се наведува, месечната инфлација во Србија во јули изнесувала 0,4 отсто, што е еднакво на просечните месечни остварувања од почетокот на годината.
Се посочува дека месечната динамика на инфлацијата во јули ја одбележаа еднократните поскапувања на одредени категории преработена храна (леб, кафе, кондиторски производи чии цени се одразуваат на порастот на цените на овие производи на светскиот пазар или на суровини што се користат во нивното производство), како и зголемувањето на цените на услугите во помалите мерки повисоки цени на нафтените деривати.
Од Народната Банка на Србија (НБС) додаваат дека во рамки на цените на храната, чијшто придонес во вкупната инфлација е неутрален втор месец по ред, цените на зеленчукот се намалија за 6,3 отсто, со што се неутрализираше споменатото зголемување од 0,9 отсто на цените на преработената храна.
Гледано на годишно ниво, според податоците на Централната банка на Србија, растот на цените на храната изнесува 1,4 отсто, додека цените на зеленчукот се во просек пониски од јули минатата година за 14,1 отсто.
Цените на производите и услугите во рамки на базната инфлација се зголемија за 0,7 отсто во јули, што, како и претходните месеци, во голема мера придонесе поскапувањето на услугите, сезонскиот пораст на цените на туристичките пакет-аранжмани, еденовременско зголемување на цената на услугите за испорака на пакети, како и повисоки цени на закупнината.
Од НБС посочуваат дека на годишна основа, базната инфлација во јули остана непроменета и изнесува 5,1 отсто, што е нивото околу кое се врти во последните неколку месеци. Од таму наведуваат и дека цените на енергенсите во јули во однос на јуни пораснале за 0,5 отсто, што во целост е детерминирано од растот на цените на нафтените деривати за 1,9 отсто, а на годишно ниво растот на цените на енергенсите во јули изнесуваше 6,8 отсто.
Извор: RTS
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.