„Гомекс“ свечено го отвори својот реновиран маркет во Шабац, кој се наоѓа на адресата Стојан Новаковиќ, 36.
Од компанијата соопштуваат дека повеќенеделното реновирање било со цел да се подобри корисничкото искуство и да се овозможи поефикаснап и попријатно купување, а една од главните новини во рамките на продавницата е пекарата.
Покрај тоа, освежен е и асортиманот во објектот и нуди широк спектар на производи кои се потребни за секојдневието, меѓу кои посебно се издвојуваат свежото овошје и зеленчук од пазарниот оддел како и приватните трговски марки на трговецот, како Graničar, 1/1, Uvek treba и Kvak.
По повод отворањето на маркетот, за потрошувачите биле подготвени подароци и попуст.
Извор: Instore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.