Регион

Словенија: „Карго партнер“ тестира електрични камион

24 Jul 2024

Како дел од иницијативата „Роад“, компанијата „Карго партнер“ во својот возен парк започна со тестирање на електрични камиони. Оваа иницијатива претходно беше лансирана во Австрија и Словачка, а на тестирањето сега се приклучи и Словенија.

Компанијата ги тестира електричните камиони „Сканиа П25“ со тежина до 20 тони, кои се дизајнирани за употреба во локалниот, приградскиот и меѓуградскиот сообраќај.

Батериите на камионите овозможуваат да се поминат 200 до 250 км помеѓу полнењата, додека потрошувачката се движи помеѓу 90 и 110 киловат часа на 100 километри.

Тестирањето на електрични камиони е една од многуте зелени мерки што ги презема компанијата. Минатата година компанијата инсталираше соларна централа на покривот на логистичкиот центар во Љубљана на Брник, која се состои од 1.192 панели.

 

Извор: InStore.si

Фото: „Карго партнер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...