Актуелниот претседател на управата на „Лидл“- Хрватска, Борис Ложиќ, од овој месец ќе ја преземе функцијата претседател на управата на „Лидл“ – Словенија, па така оваа функција ќе ја извршува во двете држави.
Ложиќ ја започнал кариерата во „Лидл“ во 2006 година, додека на местото претседател на управата на „Лидл“ – Хрватска е од 2015 година.
Пред доаѓањето на позицијата претседател на управата на „Лидл“ – Хрватска, Ложиќ работел како директор на продажба и логистика во „Лидл“ – Словенија, каде што се задржал три години, после што својата кариера ја продолжува како член на управата за продажба и логистика во „Лидл“ – Швајцарија.
Големо е задоволството што се приклучувам во тимот на „Лидл“ – Словенија, на позицијата претседател на управата. Се радувам на предизвиците кои се пред мене и сигурен сум дека со своето знаење и искуство кое што сум го стекнал со досегашната работа, посебно на позицијата претседател на управата на „Лидл“ за хрватскиот пазар, ќе придонесе за успешен развој и работење на „Лидл“- Словенија, изјави Ложиќ.
Досегашниот претседател на управата на „Лидл“ – Словенија, Иван Удилјак, од август ја презема функцијата претседател на управата на „Лидл“ – Словачка.
Извор: InStore.hr
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.