Регион

Србија: Донација на „Мк груп“ и „Аик Банка“ за реновирање на студентски дом

27 Jun 2024

„Мк груп“ и „АИК Банка“ потпишаа договор за донирање на   100.000 евра на Студентскиот центар „Белград“, институција која обезбедува услуги за сместување на 10.500 студенти во 14 студентски домови во главниот град на Србија.

Финансиски средства ќе бидат наменети за реновирање и опремување на Студентскиот дом „Слободан Пенезиќ“ на Звездара. Оваа донација е дел од регионалната филантропска програма вредна 350.000 евра, која ќе опфати реновирање на четири студентски домови во земјите од регионот Адриа каде што работи „МкГруп.“

Донацијата за Студентскиот центар „Белград“ се реализира со поддршка на министерството за просвета кое помогна во изборот на инвестицискиот проект.

Оваа година студентите се во фокусот на нашата регионална програма за општествена одговорност, која традиционално ја спроведуваме во Србија заедно со „АИК банка“. За студентските домови во регионот Адриа, поточно во Србија, Црна Гора, Словенија и Хрватска ќе одвоиме вкупно 350.000 евра. Нашата желба е да придонесеме за образованието и развојот на новите генерации, а на најдобрите студенти да им обезбедиме квалитетни услови за учење и живеење во текот на студирањето. Преку овогодинешните донации ќе опфатиме неколку илјади студенти кои живеат во студентските домови во Белград, Подгорица, Љубљана и Загреб, изјави Александра Стојановиќ, директорка за корпоративни работи на „Мк Груп.“

 Минатата година „Мк груп“ и „АИК банка“ издвоија 680.000 евра за реновирање на дваесет градинки во регионот Адриа, додека во 2022 година донираа 570.000 евра за 7 породилишта во регионот Адриа, сето тоа во рамките на програмата „Поддршка на семејството“ преку која континуирано се дава поддршка на децата и младите .

Извор:Instore.rs

Фото: Принтскрин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...