Регион

Хрватска: „Кауфланд“ постави полначи за електрични возила во сите свои маркети

06 Jun 2024

Компанијата „Кауфланд“ соопшти дека на потрошувачите ќе им биде овозможено да ги полнат електричните возила на сите 48 локации на компанијата низ Хрватска.

Електронските полначи „Тера 53 ЦЈГ“ со моќност од 50кв  ќе бидат поставени на 3 локации,   „Тера 54 ЦЈГ“  со моќност од 50 кв,  ќе бидат поставени на 8 локации, „Тера 65Л“ со моќност од 60кв ќе бидат поставени на 6 локации, а „Тера 124 ССТ“, со моќност од 120 кв ќе бидат поставени на 31 локација, соопштуваат од компанијата.

Првите вакви станици компанијата ги инсталира во 2018 година во продавниците во Умаг, Задар и Шибеник, после што оваа бројка до јануари годинава достигна до 17 станици.

Кога се работи за одржливоста, во 2020 година компанијата е првиот трговски синџир во Хрватска кој ги укина пластичните ќеси за еднократна употреба и целосно премина на користење на зелена енергија.

Покрај тоа, компанија при изградбата на новите продавници користи технологија за штедење на енергија,  со што годишно заштедува електрична енергија до 90.000 киловатчасови по продавница.

 

Извор: InStore.hr

Фото: „Кауфланд- Хрватска



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...