Регион

Србија: „Универекспорт“ отвори нова продавница во Ресник

31 May 2024

Компанијата „Универекспорт“ отвори нов малопродажен објект во белградската населба Ресник, на улицата Славко Миљковиќ, 112.

Новата продавница која се протега на речиси 500 квадратни метри е 198.продажен објект на компанијата во целокупната продажна мрежа.

   Продавницата има асортиман со 7.000 производи, меѓу кои се и производите од сопствено производство, како свежото месо и месните деликатеси Bačka, органското масло Organa и производите Domaćinstva Vučurević.

 Во асортиманот може да се најдат и производите од приватната трговска марка на компанијата: Baš Baš, Naše najbolje и Daj Daj, на кои од неодамна им се приклучија и сладоледите Baš Baš.

По повод отворањето на продавницата, компанијата подготви посебни поволности подароци за купувачите, како торби за првите 200 купувачи и можност да се пробаат производите од брендот Bačka.

 Покрај тоа, секое 50. купување било бесплатно, а компанијата  за следниот период најави отворање  на уште неколку продажни објекти.

 

 

Izvor: InStore.rs

Фото: „Универекспорт“

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...