Рускиот трговски синџир „Мере“, го најави отворањето на својот прв мегамаркет во Србија, кој ќе биде отворен во Лесковац.
Работата за опремување на објектот е во пол ек, а надоцна до крајот на јуни Лесковац ќе добие уште еден трговски синџир, пренесува Решетка.рс.
Продавницата во Лесковац првично ќе се простира на 1.120 метри квадратни, но за неколку месеци, штом ќе завршиме со адаптацијата на уште еден објект, ќе се прошири на 2.300 метри квадратни и ќе биде првата „Мега Мере“ во Србија. Нас нѐ карактеризира палетната продажба, последната година сме во голема експанзија, што значи дека се адаптираат и подготвуваат уште многу објекти низ државата. На купувачите ќе им понудиме над 400 производи, кои главно се прехранбени. Меѓутоа, секогаш имаме добра понуда на хемикалии за домаќинство, средства за лична хигиена, покуќнина и текстил, мали кујнски апарати и многу други интересни производи. На палетите има стоки од локални производители, како и од Русија и други европски земји, изјави за порталот, Марко Јездимировиќ, менаџер за развој.
Новиот маркет во Лесковац ќе се наоѓа на улицата Ѓорѓе Стаменковиќ, пред компанијата „Јура“, во објектот чиј сопственик е лесковачката фирма „Френки“ и ќе има сопствен паркинг простор.
Политиката на нашата куќа е да не градиме, туку да изнајмуваме постоечки простори, кои потоа ги уредуваме во согласност со нашите правила. Овој во Лесковац целосно ги задоволи нашите потреби, а одлуката за отворање на првиот „Мега“ маркет е производ на добро искуство и соработка со локалните партнери, додаде Јездимировиќ.
Да потсетиме, компанијата „Рос Продукт“ со своите „Мере маркети“ влезе на пазарот во Србија пред околу три години и денес располага со над 60 продажни објекти низ целата земја.
Извор: Rešetka.rs
Фото: „Мере“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.