Регион

Србија: „Гомекс“ во Ниш

01 Mar 2024

 На почетокот на март Ниш стана побогат за уште една продавница на малопродажниот синџир „Гомекс“.

Новиот минимаркет е лоциран на Обилиќев Венац 11 и се простира на површина од 117 м².

Како една од карактеристиките на пазарот, компанијата го истакнува свежо печениот леб и печива.

Во текот на февруари, „Гомекс“ отвори уште три нови маркети. На 23 февруари беше отворен нов „Гомекс“ во Рума, лоциран на ул. Главна 80, што е четврта продавница на трговецот во овој град. На почетокот на февруари, беа отворени нови објекти на Златибор, на ул. Миладина Пеќинара бр.24 и нов маркет во Батајница, на ул. Мајор Зоран Радосављевиќ 211.

На отворањето на маркетот, покрај пригодните подароци за купувачите, бил и обезбеден попуст од 10% на целата сметка.

Фото: „Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...