Од компанијата „Лидл“ соопштија дека го намалиле уделот на сол за 20 до 50 проценти, во одредени лебови и пецива од сопствените пекарници.
Според изработените студии, во ЕУ годишно по глава на жител се конзумирало 3,5 кг.сол, а се смета дека доволно да се конзумира 1,8 кг., поради тоа, од компанијата соопштуваат дека една од клучните ставки во нивната стратегија е намалување на солта во пекарските производи.
Од лебовите кои во својот состав имаат намалена сол, меѓу другите се: тост лебовите, домашните лебови, како и ‘ржаните, пченкарните и лебот со семки. Иако лебовите се примарна група на производи, внимание е посветено и на кифлите и сомуните, соопштуваат од компанијата.
Потрошувачите се свесни за штетноста на прекумерното внесување на сол, но се чини дека при конзумацијата и спремањето на храна најмалку се внимава на пекарските производи во кои солта е да се рече „скриена“, но сепак одговорна за голем уддел во дневното внесување. Затоа сметаме дека удделот на сол во пекарските производи е нашиот прв чекор, а крајната цел е до 2025 година да ја намалиме потрошената количина на сол која што потрошувачите ја конзумираат преку производите од брендовите на „Лидл“ за дури 20%, изјавила Александра Мириќ, специјалистка за корпоративна социјална одговорност во „Лидл“-Србија.
Покрај намалувањето на солта од овие производи, „Лидл“ во својата понуда во продавниците вклучи и повеќекратни ќеси за леб од 100% рециклирачки полиестер, кои купувачите после користењето можат да ги земат дома, да ги исперат и повторно да ги користат.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“ - Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.