Регион

Србија: „Гомекс“ отвори нови маркети во Пожаревац и Зрењанин

22 Jan 2024

Малопродажната мрежа на трговскиот синџир „Гомекс“, продолжува да се проширува.

Граѓаните на Пожаревац го добија вториот „Гомекс“ маркет, додека во Зрењанин, каде што е и седиштето на компанијата, отворена 19.продавница, соопштуваат од компанијата.

Новиот маркет во Пожаревац се наоѓа на „Дунавска 42“ и располага со продажен простор од 250 квадратни метри. На потрошувачите ќе им биде достапен асортиман од над 5.000 производи, а покрај тоа продавницата поседува и сопствена пекарница во која во секое време ќе биде достапен свеж леб и пецива. Во овој маркет вработени се шест лица.

Минимаркетот во Зрењанин се наоѓа во близина на болницата и исто така поседува сопствена пекарница.

Во продавницата се вработени 7 лица, продажниот простор се протега на 122 метри квадратни и во него може да се најде се освен свежо месо, соопштуваат од компанијата.

 На денот на отворањето, во двата маркета биле обезбедени попусти и пригодни подароци за првите купувачи.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...