Регион

Србија: „Гомекс“ отвори нова продавница во Параќин

04 Dec 2023

Компанијата „Гомекс“ отвори втор продажен објект во Параќин, кој се протега на површина од 193 квадратни метри, како и паркинг за купувачите.

Се работи за продавница во која има сопствена пекара, а на купувачите ќе им биде достапен и асортиман со над 4.000 артикли.

 Во овој продажен објект се вработени осум лица, а на денот на отворањето бил обезбеден попуст од 10% на целата сметка, како и пригодни подароци за првите купувачи.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...