По повод Светскиот ден на детето, компанијата „Имлек“ традиционално донира дел од своите производи во институциите за деца без родителска грижа.
„Имлек“ донираше од чоколадното млеко Moja kravica на децата од Центарот за заштита на доенчиња, деца и младинци во Белград, СОС-детското село во Сремска Каменица, Прифатилиштето за деца и млади во Нови Сад, Домот за деца без родители „Споменак“ во Панчево и Домот за деца со посебни потреби „Колевка“ во Суботица.
Од компанијата нагласуваат дека општествено одговорното работење е нивна клучна мисија, за што сведочат традиционалните проекти кои „Имлек“ со години ги спроведува на локално и на национално ниво.
Светскиот ден на детето е празник кој ја отсликува стратешката определба на „Имлек“, којa се огледува во континуираното давање помош за најмладите. Оваа дата е идеална можност да се потсетиме кои се најважните членови на секое општество, како и да се сврти вниманието на јавноста за актуелните проблеми со кои се соочуваат децата. Со овој потег сакаме да ги мотивираме и другите да помагаат на оние на кои им е најпотребна, изјави Јован Бугариќ, директор на маркетинг на „Имлек’.
Светскиот ден на дететот за прв пат е воспоставен во 1954 година и се одбележува на 20 ноември, со цел промовирање на меѓународното единство и ширењето на свеста за важноста на напорите кои се прават за доброто на децата.
Извор: Instore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.