Регион

Инвестициите на „Ледо“ надминаа 10 милиони евра

20 Nov 2023

„Ледо“ во 2024 година ќе инвестира во нова линија за сладоледот King, која ќе биде инсталирана во Загреб.

Инвестицијата ќе изнесува над 4 милиони евра, со што двегодишниот инвестициски циклус на компанијата ќе надмине 10 милиони евра.

Потврдена е  и деновиве ја договараме новата линија на која ќе се произведува нашиот сладолед од премиум сегментот, пред се производите King, кои се продаваат во Јадранскиот регион, но и други производи. Се работи за линија вредна над 4,2 милиони евра. Ова е продолжување на цикслусот  кој започна годинава и кој нас ќе нѐ направи уште помодерни производители на висококвалитетни сладоледи, изјави Иван Бабиќ, генерален директор за Јадранскиот оддел во „Номад Фудс“.

 Околу 5,6 милиони евра веќе биле инвестирани во производните капацитети на компанијата, во автоматизација и додатни сигурносни мерки, вклучувајќи ја и новата опрема за смрзнување сладолед, од која едната се однесува за најоптоварената линија, која произведува милиони различни производи секоја година. Во годинешнава сезона на сладолед во работата беа вклучени и нови роботи за пакување. Инвестицијата на компанијата за 2024 година се однесува на погон во кој досега се произведувало тесто. За да се направи уште една линија за сладолед, погонот за тесто ќе биде дислоциран, а  тестото компанијата ќе го произведува  според истите рецептури и потрошувачите ќе можат да очекуваат врвен и квалитетен вкус.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...