Регион

Црна Гора: Старбакс ќе пристигне до крајот на годината

06 Sep 2023
Кога тогашниот градоначалник на Подгорица, Иван Вуковиќ, во јули минатата година објави дека популарниот синџир на кафе „Старбакс“ ќе отвори свој објект во Подгорица, тоа предизвика бурни реакции во јавноста.
 
Како што беше кажано тогаш, „Старбакс“ требаше да ја отвори својата кафетерија до крајот на 2022 година, како дел од инвестицијата од пет милиони евра.
 
Компанијата „Зерен холдинг“, која го носи „Старбакс“ во Црна Гора, соработува со сопствениците на познатата франшиза. Како што посочуваат, проектот активно продолжува.
 
Ние, како и вие, сакаме овој проект да се спроведе во Црна Гора што е можно поскоро. Проектот активно продолжува. Нашите напори се насочени во оваа насока. Иако во моментов не се рекламираме многу, граѓаните на Црна Гора треба да знаат дека се прави сè за што побрзо отворање на Старбакс, соопштија од компанијата „Зерен холдинг“.
 
Компанијата додаде дека очекуваат да се отворат до крајот на 2023 година.
 
Според претходните најави, отворањето на „Старбакс“ треба да обезбеди 50 нови работни места.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...