Регион

„Краш“ обезбеди платено отсуство за родителите на првачиња

01 Sep 2023
Управата на „Краш“ веќе трета година одлучи да дозволи користење платен одмор за вработените чии деца почнуваат прво одделение.
 
За секое дете и секој родител, одењето на училиште е еден од најважните почетоци во животот. За да ги имаат најубавите спомени од првиот училишен ден, решивме да им овозможиме на нашите вработени кои имаат првачиња да бидат со своите деца, да им пружат поддршка и да ги испратат во нов период од животот, рече Ален Халамиќ. претседател на управата на „Краш“.
 
Платеното отсуство ќе го користат речиси 50 вработени во групацијата „Краш“.
 
Компанијата, освен платено отсуство за родителите на првачиња, обезбеди и торби полни со слатки за најмалите.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...