Регион

Србија: Се очекува раст на прометот на пазарот со зачини во Србија

31 Jul 2023

Прометот на пазарот со зачини, сосови и кечап во Србија изнесуваше 198,3 милиони долари во 2021 година, а се проценува дека до 2028 година ќе порасне на 306,3 милиони долари, односно дека ќе расте за 5,67 отсто годишно, покажуваат податоците на порталот „Статиста“. 

Кога од анализата ќе се исклучат кечап и „останати сосови“, како сенф, мајонез, соја сос и коцки за супа, се очекува дека прометот со зачини и зачински растенија на српскиот пазар од 67,5 милиони долари во 2021 ќе порасне на 106,8 милиони долари.

Компаниите регистрирани за производство на зачини и други додатоци на храната забележаа раст на добивката во 2021 во однос на пандемиската 2020, но и на 2019 година. Така добивката на сите компании регистрирани за оваа дејност во 2021 изнесуваше 359,9 милиони српски динари, во 2019 беше 314,8 милиони динари, додека во 2020 падна на 298,2 милиони динари. 

На српскиот пазар се регистрирани 87 фирми за дејноста производство на зачини и други додатоци во исхраната. Но, треба да се земе во предвид дека зачини се произведуваат и во бројни компании од прехранбената индустрија, регистрирани за други дејности, како што е „Нестле“, па тие компании не се на оваа листа.  Така, на прво место на листата, со ЕБИТДА од 173,44 милиони динари во 2021 година е компанијата „Прогрес“ од Нови САД, на второ место е „Милекс“ од Руменка, а на трето е „Кристал“ од Белград. 

Извор: Biznis.rs
Фото: Pixabay



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...