„Неопланта“ потпиша значаен договор со Агенцијата за развој на Србија (Развојна агенција Србије - РАС), а износот на планираните инвестиции е 7,7 милиони евра.
Инвестициите најмногу ќе бидат насочени кон подобрување на енергетската ефикасност и автоматизирање на делови од производството.
Сметаме дека инвестициите се неопходни за здраво функционирање на секој систем, поради што индиректно преку инвестиции постојано враќаме дел од профитот кон природата, потрошувачите и вработените. Се стремиме континуирано да инвестираме во подигнување на квалитетот на нашите производи затоа што нашите потрошувачи го заслужуваат тоа, изјави Ацо Томашевиќ, директор на компанијата „Неопланта“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.