Регион

„Имлек“ ја зголеми откупната цена на млекото

04 Apr 2022

„Имлек“ дополнително ќе ја зголеми откупната цена на млекото за уште еднаш да им даде поддршка на фармерите, соопштија од компанијата. 

Во споредба со истиот период од минатата година, откупната цена сега ќе биде за 20 отсто поголема, што воедно ќе биде најголема откупна цена за млеко во минатите 20 години. Со државната премија, што Министерството за земјоделство претходно ја зголеми, вкупното зголемување ќе биде за 30 отсто поголемо во споредба со истиот период лани. 

На овој начин, „Имлек“ заедно со Министерството за земјоделство отпочна значаен проект кој уште повеќе ќе ја засили лидерската позиција на нашата земја во целиот регион, соопштија од компанијата.  

„Имлек“ на дневно ниво откупува околу милион литри млеко од повеќе од 3.000 фармери ширум Србија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...