Регион

Србија од утре ќе забрани извоз на пченица, пченка, брашно и нафта

09 Mar 2022

Од утре Србија ќе го прекине извозот на нафта, пченица, пченка и брашно, а тамошната Влада подготвила уредба за увозот на енергенси, објави српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Вучиќ за ТВ Б92 изјави дека Србија ќе има доволно масло, пченица, пченка и брашно за себе и за регионот. Тој рече и дека Владата на Србија подготвила одлука за ослободување од царина за увозот на енергенси „од трети земји“.

Српскиот претседател додаде дека во ЕУ има различни ставови за санкциите за гасот и нафтата и дека ЕУ обезбедува 40 отсто од потребите за гас и 30 отсто од потребите за нафта се од Русија.

За нас, ако го забранат увозот на сите енергенси од територијата на Русија, тоа значи дека сме во неволја, бидејќи немаме од каде, а гасот и нафтата не можат да паѓаат од небо, рече тој.

Вучиќ додаде и дека е подготвена одлука за субвенционирање на горивото за земјоделците на бензинските пумпи на НИС во следниот месец и половина.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...