Регион

Србија: dm донираше храна за засолништето за животни

14 Jan 2022

Компанијата „дм дрогерие маркт“ - Србија донираше храна во вредност од 150.000 српски динари (1.275 евра) на здружението „Надеж за животните - Риска“, а донацијата на храна стигна во вистински час со оглед на тоа дека почетокот на годинава го одбележаа ладни зимски денови кои на животните и на нивните чувари им го отежнуваат секојдневието. 

Подарокот, заедно со претставници на dm, го врачи спортистката Јасмина Александров, позната по поддршката за животните. Од компанијата dm порачаа дека ова е мал знак на внимание и благодарност за несебичната љубов и верност што животните ја даваат. На напуштените животни, нашите особено драги пријатели, им ги разубавивме зимските денови. Нивните реакции целосно ги исполнија нашите срца. Со овој гест сакавме да привлечеме внимание и на потребата за нивно вдомување, а еден од големите мотиви за нивно вдомување можете да пронајдете и во нивните реакции на вашата посета, изјави Светлана Зариќ, менаџерка за асортиман во dm. 

Од компанијата соопштија дека во новата година ќе продолжат да даваат поддршка на разни институции и општествени групи, следејќи ја истата водилка - „Заедно едни за други“.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...