Регион

Млекара Круна“ тројно го зголеми производството по соработката со „Лидл“

01 Oct 2021

Откако стана снабдувач на новата приватна трговска марка на „Лидл“ - Србија „S ljubavlju, domaće“, семејната млекарница „Круна“ ја зголеми преработувачката на млеко од 7 на 22 тони.

Како што истакна Стево Зељиќ, сопственик на млекарницата, деловните резултати се показател за тоа колку се развивала компанијата поради зголемените потреби. Со цел да бидат поефикасни, но и да ги зачуваат квалитетот и безбедноста, во голема мера се подобрени и процесите на производство.

Во рамките на проектот на „Лидл“ – Србија, млекарницата нуди десет производи, кои првпат биле достапни на полиците на овој трговец.

Генералниот директор на синџирот дисконти, Томислав Шапина, истакна дека „Лидл“ е посветен на инвестирање и дека компанијата досега инвестирала 390 милиони евра во Србија.

Тој додаде дека обезбедувањето поддршка за домашните добавувачи преку секојдневна соработка, но и иницијативи, како што е „S ljubavlju, domaće“, е важен чекор во нивниот развој.

Соработката со нас е одлична деловна можност бидејќи покрај пласманот на производите во 53 продавници во Србија, нудиме и потенцијал за извоз преку мрежата на продавници на „Лидл“ во други земји. Очекуваме во 2021 година вредноста на извозот на доставувачите да биде повисока за 5 милиони евра, најмногу поради млечните производи и производите од пекарницата на „Лидл“, објасни Шапина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...