Регион

„Имофинанз“ одбележува пет години работење во Србија

25 Dec 2020

Австриската компанија „Имофинанз“, еден од водечките инвеститори во областа на комерцијални недвижнини во Централна и Источна Европа, прославува пет години деловно работење во Србија.

Од 2015 година, компанијата отвори 10 трговски паркови „Стоп шоп“ со цел да ги донесе глобалните трендови во локалната заедница. Со неодамнешните аквизиции, компанијата ќе има вкупно 14 трговски паркови низ Србија.

Компанијата ќе отвори нови „Стоп шоп“ во Лесковац, Шабац, Сомбор и Зајечар, со околу 28.200 м² простор за изнајмување, така што српското портфолио „Стоп шоп“ ќе има 14 трговски паркови, со приближно 121 000 м².

„Имофинанз“ продолжува да одржува висока стапка на искористеност на капацитетот од 99,7% во Србија, додека побарувачката за простор во „Стоп шоп“ парковите останува стабилна. Ниските трошоци за изнајмување и работењето на закупувачите, што е особено важно за време на економски предизвици, останаа една од најважните карактеристики на компанијата. Исто така, трговските паркови годинава покажаа дека имаат клучна предност: нудат купување на отворено, а посетителите можат да влезат во продавниците директно од паркингот. Овој децентрализиран формат на малопродажба се покажа како најголемата предност за „Имофинанз“ во текот на 2020 година, се вели во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...