Рускиот синџир на дисконти „Светофор“, кој е познат во европските земји под брендот „Мере“, ќе почне со работа на српскиот пазар за помалку од еден месец.
Продажните капацитети веќе се подготвуваат и ќе бидат отворени во Батајница, Крушевац и Суботица најдоцна до средината на јануари. Во текот на февруари ќе бидат отворени во Кралево и Вршац, а се планира да се отворат вкупно 15 продавници во Србија до крајот на април и почетокот на мај.
Ова за „Новости“ го потврди и министерката за трговија, Татјана Матиќ, потенцирајќи дека информацијата е потврдено и од Трговското претставништво на Руската Федерација.
Според неа, доаѓањето на друг голем дисконтен синџир ќе ја зголеми конкуренцијата на малопродажниот пазар и ќе влијае на модернизацијата на трговската мрежа.
„Мере“ се промовира под слоганот - Само најниски цени секој ден. Кога влегоа на германскиот пазар во јануари минатата година, побарувачката беше толку голема што тие ги распродадоа сите залихи на производи во првата недела по отворањето и затоа мораа привремено да ја затворат продавницата во Лајпциг. Тогаш германските медиуми објавија мислење на потрошувачите за рускиот синџир на дисконти, кои посочија дека тоа е добра евтина алтернатива, како и дека може да се изврши целосна неделна набавка по релативно ниски цени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.