Македонија

Отворен е третиот супермаркет „Харбин“

10 Sep 2020

Новиот  супермаркет „Харбин“ на улицата Цветан Димов, бр. 58 во скопската населба Чаир, беше отворен на 7 септември.

Објектот се простира на површина од 550 квадратни метри, а понудата е богата со широк асортиман, кој изнесува повеќе од 20.000 прехранбени и непрехранбени производи. За услугата е задолжен тим од 15 вработени. Маркетот располага со 3 наплатни каси.

Ова е третиот маркет во малопродажната мрежа на „Харбин супермаркет“, кој постои од 29.10.2014 година. Првиот маркет се наоѓа во Шуто Оризари, а вториот во Топанско Поле. Како што најавија за InStore од компанијата, плановите се дејноста да се прошири на повеќе локации во Скопје.

Во нашите маркети има пријатна атмосфера за семејно пазарување, огромен асортиман и секојдневни акции. Се стремиме да им бидеме лојални на купувачите и секогаш да им овозможиме пониски цени. Оттаму произлегува и нашето мото: Купувај евтино, живеј подобро!, велат од „Харбин“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...