Македонија

„Битолска млекара“ ги награди долгогодишните вработени

19 Jun 2019

Компанијата „Бимилк“ и оваа година ја продолжи традицијата да ги награди своите најлојални вработени, кои имаат остварено непрекината работа во млекарата од 10, 20 или 30 години.

Генералниот директор Ѓорѓи Петрушев им додели јубилејни награди на вкупно 22 вработени од различни сектори на компанијата.

Гордост да се видат среќните лица на вработените што вложиле години и години посветена работа за развојот на компанијата, особено земајќи предвид дека има и работници што својата кариера во компанијата ја почнале и пред 1999 година. Сериозно инвестираме во унапредувањето на условите за работа од секој аспект и во континуирана мотивација на вработените преку најразлични обуки, доквалификации, наградувања и сл., и ова за нас е само показател дека сето она што долгорочно го правиме во доменот на човечките ресурси се исплатува, изјавија од „Бимилк“.

Од вкупно 22 наградени работници, 12 имаат 10-годишна непрекината работа, а, пак, 10 работници се наградени за 20-годишна работа во „Бимилк“. Минатата година компанијата награди 14 вработени, додека, пак, во 2017 година вкупно 62 вработени понесоа награди за нивната лојалност. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...