Македонија

„Гемак трејд“ го носи Doncafé во Македонија

25 Apr 2019

Компанијата „Гемак Трејд“ потпиша ексклузивен договор за соработка со компанијата „Штраус Адриатик“ од Србија за увоз и дистрибуција на брендот Doncafé во Македонија.

„Штраус Адриатик“ е ќерка компанија на мултинационалната корпорација „Штраус Кафе“ Израел (петта компанија во светот по големина на промет на сирово кафе) која од 2005-та гo поседува брендот Doncafé.  Doncafé е втор бренд по големина во малопрадажба и лидер бренд за кафе во HoReCa сегментот во Србија.

Компанијата „Гемак Трејд“ од неодамна почна со дистрибуција во малопродажба низ Македонија на турско кафе „Минас“ и „Момент“ на Doncafé во пакување од 100, од 200 и од 500 грама. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...