Македонија

Нова „Кораб Трница“ во скопско Црниче

09 Jul 2018

На 5 јули е отворена новата продавница „Кораб Трница" на улицата Бихачка спроти „Симпо", во непосредна близина на МВР.

Точно пред една година на истиот датум беа отворени три продавници на компанијата „Кораб Трница", и тоа во ТЦ „Бисер" во Аеродром, на пазарчето Буњаковец и во комплексот во Трница.

Во новата продавница, која располага со продажен простор од 40 квадратни метри и магацин од 20 квадратни метри, потрошувачите се услужуваат на една наплатна каса, а за услугата се грижат тројца вреботени. Асортиманот го сочинува широка палета на природни производи, од кои најголемиот дел се од сопствено производство на компанијата „Кораб Трница", како козји и овчи млечни производи, свежо месо, сувомесни производи, маслинки и маслиново масло, мед, сокови, како и избор од црвени, бели и овошни вина од „Шато Сопот".

Акцентот е на квалитетот на производите, во чиј состав е преточен вкусот на недопрената природа изрзена преку чистиот воздух, бистрата вода и бескрајните пасишта на месноста Трница. Концептот на нашата компанија е сопствено производство на природни прехранбени производи и нивно пласирање преку сопствени продавници и во таа насока, постојано воведуваме иновации и го прошируваме асортиманот, изјави за InStore Борис Дабевски, еден од сопствениците на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...