„Колид с тим“ соопшти дека брендот Perfex станува дел од нивната дистрибутивна мрежа во Македонија.
Горди и среќни сме што можеме да споделиме дека ќе продолжиме да се стремиме кон успех со уште подобри партнерства. Нов партнер на „Колид с тим“ е Perfex! Вистинската вредност на пазарот доаѓа од соработки што носат квалитет и иновација. Нашиот нов партнер Perfex е лидер во производството на хартиени производи и веќе со години го обликува пазарот со најсовремената технологија. Оваа година, Perfex има нова инвестиција во технологија од 250 милиони евра со цел за подобрување на квалитетот на постоечките производи како и воведување на нови на пазарот. Со оваа соработка го збогатуваме пазарот со врвен квалитет и создаваме нови можности за раст и развој. Ова партнерство е само почеток, соопштуваат од „Колид с Тим“ на Linkedin.
Извор/Фото: „Колид с тим“/Facebook
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.